Хомеопатија? Доста со тој „хокус-покус“! | Панорама | DW | 16.09.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Хомеопатија? Доста со тој „хокус-покус“!

Во Франција е одлучено дека пациентите во иднина ќе мора од свој џеб да ги плаќаат хомеопатските препарати. Во Германија исто така се дебатира на оваа тема. Фабијан Шмит смета дека всушност нема простор за дускусија.

Хомеопатијата е чудна дисциплина. Наводните успеси ги објаснува со мистично-магичната „меморија на водата“, со „енергија“ и „вибрации“. Таквиот „хокус-покус“ не е ништо повеќе научен од оној на Вуду-мајсторите од Хаити. Хомеопатијата е недвосмислено побиена од страна на модерната медицина. Со тоа оваа идеологија во најдобар случај може да ја сместиме во страшниот кабинет (Страшен кабинет е германска серија аудио-приказни кои се мешавина од хорор, мистика, трилер и научна фантастика, н.з.)  на медицинско-историски опити. Најдобро би било да се смести некаде во последните регали, далеку зад запрашените садови со експонати во алкохол од патолошката збирка на Рудолф Вирхов. Неговите наоди сепак се дел од научни истражувања и пред повеќе од еден век ги поставиле темелите на модерната медицина.

Schmidt Fabian Kommentarbild App

Фабијан Шмит

Медицината не смее да биде произволна

Откако Рудлф Вирхов се занимаваше со клетки, а Роберт Кох ги откри бактериите, се случија многу нешта. Денес во медицината се работи на молекуларно ниво. Нашите медицински истражувања преку декодирањето на човечкиот геном станаа подобри и поефикасни од кога било.

Никогаш досега не било поопширно знаењето за процесите што се одвиваат во телото и за поврзаноста на ензимите, хормоните и протеините. Научниците работат дури и на молекули по мерка на пациентот во третирањето наканцер. Токму заради тоа што сознанијата од природните науки денес се толку прецизни, опширни и може да се потврдат, лекарите не смее да дозволат медицината и натаму да биде деградирана и сведена на произволност преку ненаучни дисциплини од времето на Наполеон.

Конечно да се заземе став

Сојузното здружение на компании за здравствено осигурување на Германија конечно се декларираше јасно против финансирањето на разни хомеопатски средства. Универзитетското истражување и компаниите од фармакологијата кои се потпираат на научни истражувања мора по секоја цена да го следат примерот. Хомеопатијата мора да биде презирана! Нејзе местото ниту ѝ е во лекарски ординации ниту во аптеките, а уште помалку во сериозни лаборатории за научни истражувања. Таквата езотерика нема што да бара ниту во наставните планови на медицинските факултети. Препуштете им ја на историчарите кои се занимаваат со грешните правци на медицинската историја, на етнографите кои опишуваат суеверни ритуали, или на непоправливите шамани кои не можат да се откажат од неа. Но, тие барем немаат лекарска диплома.

DW.COM

Реклама