Холандското обвинителство истражува: кој му асистирал на Праљак? | Свет | DW | 30.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Холандското обвинителство истражува: кој му асистирал на Праљак?

Хашкиот трибунал побара од властите во Холандија да ја преземат истрагата за смртта на воениот злосторник Слободан Праљак кој вчера се самоуби во судницата. Дали некој му асистирал на Праљак?

Холандското Јавно обвинителство ќе ја истражува смртта на генералот на војската на Херцег-Босна Слободан Праљак. Истрагата ќе се фокусира на отровот кој Праљак го испи во судницата откако му беше потврдена пресудата од 20 години затвор за сторени воени злосторства во војната во БиХ. Клучното прашање е дали Праљак добил помош од надвор во набавката на супстанцата. Наскоро се очекуваат и резултати од аутопсијата. 

Повеќе на темата: 

Совршено инсценирано самоубиство на Праљак и трошка надеж 

Воениот злосторник Праљак почина откако испи отров во Хаг


„Во моментов истрагата е фокусирана на помош во самоубиство и нарушување на медицинскиот правилник“, соопшти холандското обвинителство. 

Гледај видео 00:37

Праљак: самоубиство кое го шокираше светот

Откако судот ја отфрли неговата жалба, Праљак стана и ги изговори своите последни зборови: „Слободан Праљак не е воен злосторник. Со презир ја отфрлам вашата пресуда“. Потоа, испи течност од мало шишенце. Освен на Праљак, Трибуналот им ги потврди казните за воени злосторства на уште петмина политички и воени лидери на босанските Хрвати, и ги осуди на севкупно 111 години затвор. 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама