Холандија тагува по своите сограѓани | Европа | DW | 24.07.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Холандија тагува по своите сограѓани

Со минута молчење Холанѓаните се потсетија на жртвите од падот на авионот на лет МХ17 над Источна Украина. Меѓу загинатите има и Холанѓани со азиско потекло. Последен поздрав им испратија и жителите на Ротердам.

Тротоарот пред ресторанот „Азиан Глори“ во Ротердам беше покриен со цвеќиња, венци, свеќи. Стотици пријатели, познаници и гости на ресторанот со денови пред него испраќаат последен поздрав до убиените сопственици.

Готвачот и сопственик на ресторанот Фан Шун По (60 години) и неговата сопруга Џени Лох (55 години) минатиот четврток со авионот сакаа да одат на летување, во татковината на По, Хонгконг и на крај во Малезија кај семејството на Лох. Синот Кевин Фан (30 години) остана во Ротердам. Тој во трагичната несреќа ги загуби своите родители и бабата, која исто така беше во авионот.

Nationaler Trauertag Niederlande Absturz MH17

Минута молк за жртвите

Семејството е силно

Готвачот и неговата жена, чиј кинески ресторан е означен со ѕвезда во познатиот гастрономски водич Мишелин, биле омилени и познати во Ротердам. Во неделата околу илјада лица завиени во бело во молк маршираа низ улиците на градот во знак на сеќавање на По и Лох. Ротердамскиот градоначалник Ахмад Абуталеб, кој исто така е мигрантско дете, им оддаде почит. Синот не сака да зборува многу во јавност. На вратата на ресторанот деновиве стои близок пријател на семејството и дава информации.

„На семејството му е добро. Тие се силни. Се разбира, ова беше шок, но сочувството е огромно“, вели пријател, кој не сака да го каже името. Ресторанот, по летната пауза, во средината на август повторно ќе биде отворен.

„Некако треба да се продолжи, некако“, вели младиот човек и беспомошно ги крева рамениците.

Холандската влада на вчерашниот ден прогласи национална жалост за жртвите од малезискиот авион на лет МХ17 од Амстердам кон Куала Лумпур. Тоа е прв ден на жалост од 1962 година, кога почина омилената кралица Вилхелмина.

Nationaler Trauertag Niederlande Absturz MH17

Знамињата на половина копја во знак на жалост

Целата земја во 16 часот застана во минута молк. Во тоа време пристигна првиот авион со ковчезите од Украина на воениот аеродром Ајндхофен. Црковните ѕвона во целата земја со ѕвонење го означија почетокот на минутата молк. Знамињата се вееја на половина копје.

Холандија, со 193 свои од вкупно 298 патници и членови на екипажот во паднатиот авион, е најпогодена нација. На молба на Украина, холандски специјалисти ја презедоа идентификацијата на жртвите. Додека да бидат идентификувани сопствениците на ресторанот, ќе треба време, денови, можеби и недели. Дури тогаш нивниот син Кевин ќе може да ги пренесе своите родители и бабата во Малезија, каде треба да бидат погребани. Некои експерти верувуваат дека дел од труповите никогаш нема да бидат најдени, зашто можеби изгореле во огнената топка на температура од илјада степени Целзиусови.

Казните нема да ги вратат загинатите

Марлис Корнилсен, жителка на Ротердам, е шокирана од целосното непочитување со кое постапуваа сепаратистите со посмртните останки на жртвите од паднатиот авион.

„Се надевам дека ќе ги најдат одговорните. Но, проблемот е меѓународен, па ќе биде тешко“. Таа е задоволна што холандскиот премиер Марк Руте во телевизиското обраќање вети-нема да мирува додека сите одговорни не бидат изведени пред правдата. Но, за Марилис Корнилсен се апсурдни предлозите, кои доаѓаат од конзервативните кругови, за ангажирање на холандските војници на местото на несреќата.

„Важно е од ова да не настане никаква војна. Толку многу луѓе се гневни, тоа го разбирам. Јас не сум гневна само сум тажна. И да се казнат луѓето кои ова го предизвикаа, нема да ги вратиме луѓето кои загинаа“.