Хезболах му се закани на Израел со прецизни ракети | Свет | DW | 18.08.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хезболах му се закани на Израел со прецизни ракети

Доколку Израел го нападне Иран, животот на неговите граѓани ќе биде претворен во пекол, порача лидерот на либанското шиитско радикално движење Хезболах, Хасан Насрала.

Во пораката испратена до Израел, лидерот на Хезболах порачува дека припадниците на тоа движење нема да се колебаат да гаѓаат цели во израе , што ќе значи десетици илјади мртви. Во телевизиското обраќање на годишниот собир по повод Денот на Ерусалим, Шеик Хасан Насрала , порача дека доколку биде потребно ќе бидат употребени ракети во кој било момент на евентуална агресија врз нивната земја за заштита на сопствениот народ. Заканата на Хезболах упатена до Израел доаѓа во време кога израелските власти се обидуваат да обезбедат меѓународна поддршка за евентуален напад врз Иран, инаку главниот сојузник и поддржувач на либанската шиитска организација.

Во четвртокот, израелскиот претседател Шимон Перес изјави дека Израел не
може самостојно да го реши иранскиот нуклеарен проблем и мора да се потпира на помошта на САД.

Во меѓувреме, Амбасадата на САД во Бејрут апелираше до американските граѓани во Либан да се внимателни бидејќи постои голема опасност од напад врз нив.
„ Американската амбасада има информации за растечки закани за напади врз американските граѓани во Либан“, се наведува во соопштението од Амбасадата.
Неколку земји од Персискиот Залив ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан по киднапирањето на десетици Сиријци од страна на либанските шиити.