Хафтар замина од Москва без потпис на договорот за Либија | Свет | DW | 14.01.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Хафтар замина од Москва без потпис на договорот за Либија

Откако побара време да размисли, генерал Хафтар си замина од Москва без да го потпише договорот за прекин на огнот во Либија. Претходно сѐ укажуваше на деескалација.

Генералот Калифа Хафтар ги остави на цедило своите партнери за преговори во Москва. Тој не го потпиша документот за вчера договорениот прекин на огнот во Либија, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Министрите за надворешни работи на Русија и Турција вчера седум часа посредуваа помеѓу страните во либискиот конфликт со цел да се дојде до прекин на огнот. Но, Хафтар, и од страна на ОН признатиот премиер на Либија, Фаиз ал-Сараџ, не разговараа лично.

Руската страна вчеравечер објави дека е постигнат „напредок“ и дека и Хафтар гледа „позитивно“ на договорот за прекин на огнот. Ал-Сараџ го потпиша документот, а Хафтар побара време да размисли во текот на ноќта, изјавија вчеравечер на прес-конференција двајцата министри за надворешни работи кои посредуваа. Агенцијата Франс прес цитираше делови од документот, според кои потписниците се обврзуваат на временски „неограничен прекин на борбените дејства“ во Либија. Сега генералот, кој со својата самопрогласена Либиска национална армија владее на југот и истокот од земјата, очигледно донесол одлука, но засега нема негова изјава.

Libyen Kämpfe | Kämpfer von General Khalifa Haftar (Getty Images/AFP/A. Doma)

Трупите на генерал Хафтар го имаат под контрола југот и истокот на Либија

Како натаму ќе се одвиваат работите, засега е нејасно. Двете страни кои посредуваат во конфликтот, Турција и Русија, се на различни страни. Турција ѝ дава поддршка на меѓународно признатата влада во Триполи, со која неодамна склучи договор за резервите на нафта во источното Средоземје. Москва, пак, заедно со Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати е на страната на Хафтар.

Повеќе:

Кој може да донесе мир во Либија?

Дали Либија за Путин е новата Сирија?

По заминувањето на генералот од Москва, Русија е и натаму амбициозна: „Ќе продолжиме со нашите напори во оваа насока“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, пак, ја стави под знак прашање смислата напланираната меѓународна конференцијаза Либија во Берлин, која според најавите, но без официјална потврда од Берлин, требаше да се одржи во викендот што претстои. „Доколку Хафтар продолжи вака, тогаш берлинскиот самит нема смисла“, рече Чавушоглу.

Реклама