Харадинај: Судот за Косово не се доведува во прашање | Свет | DW | 01.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Харадинај: Судот за Косово не се доведува во прашање

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај тврди дека официјална Приштина ја поддржува работата на Специјалниот суд за Косово. Тој во емисијата „Conflict Zone“ на ДВ изјави дека Судот го враќа регионот наназад.

„Судот постои, креиран е со уставен амандман и не е доведен во прашање“, изјави Харадинај.  „Косово во минатото ги извршуваше своите обврски во поглед на меѓународното и национално право. Нема сомнеж дека Косово ќе остане посветено на тие обврски. Иницијативата која постои во парламентот не е одлука. Тоа е пратеничка иницијатива“, дополни Харадинај, кој не верува дека иницијативата ќе успее.

Харадинај во разговор со Тим Себастијан за емисијата  „Conflict Zone" на Дојче веле изјави: „Постои загриженост поради Судот кај многу луѓе овде. Тие сметаат дека е неправедно Судот да испитува само одделни злосторници, а не сѐ што овде се случи. Но, нема страв од судот“. На директно прашање дали би одговорил на повик на судот, ако биде обвинет, Харадинај рече: „Да.“

„Верувам дека фактот што бивши припадници на ОВК се враќаат на обвинителна клупа дваесет години по војната може да разбуди сеќавања од периодот на ОВК и војната. Во период кога ни е потребно да го одржуваме мирот и да простиме, иако не и да заборавиме, и да гледаме во иднината, со ова се враќаме во минатото“, изјави Харадинај.

Целиот разговор на англиски јазик можете да го погледнете на видеото: 

Гледај видео 26:00

 

 

DW.COM

Реклама