Харадинај за ДВ: „Играта со граници на Балкан е опасна“ | Свет | DW | 28.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Харадинај за ДВ: „Играта со граници на Балкан е опасна“

„Играта со граници на Балкан е опасна, кој и да си игра со нив“, вели косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, во ексклузивно интервју за Дојче веле. „За нас дијалогот со Србија има смисол само ако следи признавање“.

Во интервјуто водено на српски јазик, косовскиот премиер Рамуш Харадинај на прашањето дали е можна поделба на Косово, која отворено ја предлагаат и некои политичари од Србија, изјави: „Играта со граници на Балкан е опасна, кој и да си игра со нив. Не верувам дека се тоа сериозни приказни и не сакам било кога да зборувам за тоа, зашто знаеме што ќе се случи ако си играме со тоа“, додавајќи: „Ќе следат трагедии на какви уште се сеќаваме и не е паметно да зборуваме за тоа, многу е опасно.“

Народот на Косово очекува, на крајот на дијалогот Белград-Приштина, Србија да ја признае независноста на Косово, вели во ексклузивното интервју за Дојче веле косовскиот премиер: „За нас дијалогот само така има смисол“.

Гледај видео 01:10

Харадинај за ДВ: „Играта со граници на Балкан е опасна“

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама