Хан очекува конструктивна опозиција, Џафери- поуки од Иванов | Македонија | DW | 04.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Хан очекува конструктивна опозиција, Џафери- поуки од Иванов

Новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери денеска ја имаше првата работна средба во Брисел со претставници на ЕУ. Хан бара конструктивност, а Џафери - поуки од Иванов по настаните на 27 април

Новиот собраниски спикер Џафери ќе го причека мандатот за формирање нова влада од шефот на државата Ѓорге Иванов пред да ги свика народните избраници во Парламентот. На денешната средба во Брисел со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, Џафери ветил дека ќе се ангажира за „сѐопфатна соработка со сите пратеници и пратенички групи“ во Собранието.

ЕУ- комесарот Хан уште еднаш остро ги осуди „намерните напади врз пратениците и новинарите во Парламентот минатата недела“. Тој предупредува дека повторувањето на такви акти сериозно ќе ја загрози европската перспектива на земјата.

Хан очекува сите пратеници, вклучително и опозицијата, да играат конструктивна наместо опструктивна улога, а сите актери да се воздржат од провокативни изјави и дела.

Комесарот очекува сега фокусот да се стави врз процесот на формирање на владата, со почитување на парламентарното мнозинство и со однесување во согласност со Уставот и демократските принципи.

Гледај видео 04:13

Џафери: Иванов да извлече поуки од 27 април

Џафери се надева дека претседателот Иванов ќе извлече поуки од настаните во Собранието на 27 април и нема да одолговлекува со давањето на мандатот.

„На тој начин Иванов само би го попречил тој процес и би останал запаметен како претседател кој не ги извршил своите обврски“, вели Џафери.

Новиот собраниски спикер одговори и на критиките за поставувањето на албанското знаме на неговата работна маса во кабинетот во Собранието. Вели дека „ги разбира сите реакции“, но смета дека „ни знамето, ниту политичките програми на партиите на Албанците не го нарушуваат или загрозуваат Уставот на Република Македонија“.

„Никој не треба да се чувствува загрозен од знамето. Тоа се симболи на нашата припадност, а од институционален аспект државното знаме си беше на своето место и сите се идентификуваме со него“, рече Џафери.

Попладнево во 18:30 часот, Џафери се среќава и со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама