Хан и Могерини ја поздравија одлуката на Иванов | Македонија | DW | 17.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Хан и Могерини ја поздравија одлуката на Иванов

Двајцата високи претставници на ЕУ порачуваат дека доделувањето на мандатот е чекор кон придвижување на земјата напред и кон излез од политичката криза. Се очекува брзо формирање на реформска влада

Ја поздравуваме одлуката на претседателот Иванов да му го даде мандатот на Заев како важен чекор во формирањето на владата, се наведува во заедничката изјава на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

„Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да преовладува за земјата конечно да излезе од политичката криза. Сега очекуваме брзо формирање на новата влада посветена на имплементација на сите делови од Договорот од Пржино и на итните реформски приоритети (Извештајот на Прибе, н.з.)“.

Иванов денеска, на три дена пред истекот на уставниот рок, конечно одлучи да го додели мандатот за состав на новата влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој го предводи парламентарното мнозинство.

Од ЕУ се надеваат дека новата влада ќе ја врати земјата не евро-атлантскиот пат.

„Ги повикуваме сите парламентарни партии да ги остават настрана поделбите и заеднички да работат на единствена реформска агенда, за да ја вратат земјата на евро-интегративниот пат. Тоа е тоа што луѓето го посакуваат и заслужуваат““, порачуваат Хан и Могерини.

Реклама