Хан: Владиното мнозинство мора да биде почитувано од сите | Македонија | DW | 22.03.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Хан: Владиното мнозинство мора да биде почитувано од сите

Во единственото интервју кое го имаше за време на престојот во Скопје, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан порачува дека мора да се почитуваат Уставот и парламентарното мнозинство.

Еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата пратеници во парламентот на ЕУ кои го придружуваа во Скопје јасно укажале дека единствен излез од кризата е преку почитување на демократските правила и стандарди.
Во интервјуто со Хан, кое преку меѓународната размена го објавува агенцијата Асошиејтед прес, европскиот комесар апелира за почитување на мнозинството.

„Дадовме една сугестија и еден предлог, а тоа е да се почитуваат демократските правила и стандарди кои, патем, се запишани во Уставот и значи дека ако некој има мнозинство за влада, тоа мора да биде почитувано од сите. И почитувано на проактивен начин. Секако дека ќе има дебати, различни погледи на одредени нешта. Се работи за изнаоѓање, се надевам во многу случаи, консензуално решение, но и почитување на мнозинството. Се работи за натамошниот развој на земјата, нејзиното општество, демократското мнозинство, нејзиниот пат кон ЕУ“.

Гледај видео 01:49

Хан: владиното мнозинство мора да биде почитувано од сите

Според Хан, клучот за сите политички актери во земјата е да го следат Уставот.

„Мислам дека е важно да се почитуваат различните етнички групи во земјата, важно е да се живее заедно на мирен и плоден начин. Тоа значи меѓусебно почитување. Разбирливо е различни делови од општеството да имаат различни погледи, но од она што го слушнав денеска, сите се посветени и одлучни да го почитуваат Уставот. Мислам дека е важно да се следи Уставот, и она што е значајно според мене, е владината програма. Тоа е одлучувачки и политичките партии треба да преговараат околу тоа“.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама