Хамбург: по забраната за дизел - воздухот позагаден!? | Панорама | DW | 22.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Хамбург: по забраната за дизел - воздухот позагаден!?

Месечното мерење во Хамбург покажува дека воздухот по забраната за движење на дизел возила во две улици не е почист, туку дури и позагаден.

Податоците од хамбуршката надлежна служба за следење на оптовареноста на воздухот со штетни честички велат дека судски изнудената забрана за движење на дизел-возила во две улици во Хамбург не го постигнала очекуваниот ефект. Критичарите уште претходно предупредија дека мерката на која инсистираше лоби-здружението „Германска еколошка помош“ е несоодветна и нема да доведе до редуцирање на концентрацијата на азотни оксиди.

Еколошката служба сепак останува во одбрана на донесената мерка, оценувајќи ги споредбите на најновите мерења со истиот месец лани како „несериозни“, зашто вистинска слика може да се даде само по подолг период, односно во април 2019. година. Забраната за движење на дизел-возила во двете хембуршки улици е само дел од палетата мерки, чија важност останува до 2020. година, до кога се очекува да даде резултати.

Мерната станица на една од улиците, Макс-Брауер алеја, на која важи забраната за дизел од мај, во октомври покажува оптоварување од 48 микрограми азотни оксиди на кубен метар, додека во октомври 2017. година биле 39 микрограми, притоа ЕУ-граничната вредност изнесува 40 микрограми.

 

Поврзана содржина

Реклама