Фустани од млеко | Панорама | DW | 31.03.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фустани од млеко

Млекото е прехранбен производ. Но, тоа не само ги раздвижува луѓето кога се уморни, туку и ги топли. Во една лабораторија во Бремен се произведува облека од млечни влакна.

default

Мазно, меко и свилено - вака муштериките ги опишуваат фустаните на модната марка на германската дизајнерка Анке Домаске. Материјалите се полни со протеини и би требало да ја негуваат кожата. Заедно со научниот институт од Бремен, Домаске, биолог по професија, разви нови еколошки влакна од млеко. Имено, во специјална постапка, од главниот протеин во кравјото млеко Казаин се создаваат млечни влакна. Тие потоа се праработуваат во текстил.

Firma Qmilch

Млекото може да се преработи во ткаенина

„...тоа мора да може да се пере, да може да се пегла, значи мора да се мисли на многу нешта. Исто така и при производството, мора да тече како мед. Потоа тече како мед и повторно се раствора во вода и потоа не е повеќе мед, но тоа не пропушта вода и беше предизвик, да се доведе до стадиум од него да може да се произведат текстилни влакна“.

Но, како млекото прераснува во материјал? Главната состојка на влакната е млечна белоковина од киселото мелеко. Во една лабораторија во Бремен се подготвува масата, се загрева и се пресува во влакна. Притоа се праработува само млекото, кое не ги исполнува критериумите да биде прехранбен продукт и инаку би било отпад.

Firma Qmilch

Еколошка мода

„Особенотo е тоа што користиме само природни материи. Значи нема хемикалии и исто така целиот процес трае на пример само еден час. Постапката е еколошка и исто така повеќе не ни е потрабно многу вода, максимално два литри. Се надеваме, дека материјалот ќе им биде од помош пред се’ на лицата со алергии, бидејќи не користиме пестициди“.

И покрај пречките, се чини дека Анке Домаске е на вистинскиот пат: по формирањето на нејзината модна марка во 2011 година за идејата веќе освои две награди за иновативност. Оваа година Домаске сака да започне со масовна продукција. Фустаните ќе чинат меѓу 150 и 200 евра.