Функционира ли единствената опција за Меркел? | Свет | DW | 07.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Функционира ли единствената опција за Меркел?

Либералите се повторно во Бундестагот и притоа се најсилен партнер на Унијата во 'Јамајка'-коалицијата во најава. ФДП како можен партнер на Зелените - оди ли тоа воопшто?

Колку брзо се менуваат нештата. „За Јамајка ми фали фантазија“, велеше Кристијан Линднер на само две недели пред изборите за весникот „Фокус“. Тоа не беше поврзано само со политичката егзотика на таквиот премиерен пакет на големата сцена во Берлин. Зелените и баварските христијански социјалисти да се стават во еден тим е предизвик за двете страни. Такви чувства делат и Зелените и Либералите едни за други. Најрадо си ги негуваат предрасудите едни за други.

Само без провокации!

Сѐ уште не застанала на нозе, а евентуалната коалиција веќе сега делува како куп раскарани партнери. Јамајка сепак останува математички единствената опција за Меркел. А, тоа пак е благодарение на ставовите на СПД, бидејќи со освоени 20% од гласовите никој не сака да го чуе исказот на поранешниот претседател на партијата Франц Минтеферинг дека да се биде опозиција е „сра.е“.

Црно-жолто-зелено би било најголемото програмски-идеолошко разидување на политичка коалиција во Берлин. Барем браниците на граѓанскиот центар би биле обединети под еден чадор. Ако секоја страна го бара максимумот за себе и ги игнорира болните точки на другите, веројатно ќе заврши неславно. Но, спротивностите при заедничка одговорност присилуваат и на дисциплина и рационалност.

Unterzeichnung des Koalitionsvertrages in Kiel (picture-alliance/dpa/C. Rehder)

Што сѐ е можно во црно-зелено-жолта коалиција?

Уште несондирани, а веќе контаминирани

Политички теми сѐ уште не се сондирани, а неколку големи се веќе однапред контаминирани. За Зелените горна граница во Законот за азиланти не е предмет за преговори, Либералите не прифаќаат поопширен пристап до лични податоци од безбедносни причини. Ако овие теми се дефинираат како conditio sine qua non (нужен предуслов, н.з.) крахот ќе се случи уште во самите преговори за коалиција.

Но, постојат и точки на поклопување. На пример, намерата за укинување на термоцентралите. Зелените тоа го бараат од еколошки причини, Либералите од економски. Не сакаат да плаќаат субвенции за застарена технологија. Но, да се влезе во преговорите со контроверзна тема, би било еднакво на калкулирана навреда.

Двете страни се согласни во однос на политиката кон Турција: сѐ додека Ердоган земјата ја води деспотски, преговорите за членство мора да мируваат.

По прашањето за граѓански права до некаде се на иста страна. И двете партии се против чувањето лични податоци. И за темата канабис разликите се помали отколку што се претпоставува. Сега веќе не се само Зелените тие што сакаат да ја легализираат оваа лесна дрога, туку и ФДП бара квалитетот на психотропното растение да биде обезбеден преку лиценцирани продажни места.

Овие и други пресеци, според првичните информации од медиумите, довеле до првични контакти меѓу идните коалициски партнери. Ако се точни информациите на „Рајнише пост“, Зелените и Жолтите дури веќе и си ги поделиле ресорите. Според весникот, ФДП ќе го преземе Министерството за финансии и правда, како и реформирано Министерство за образование кое ќе биде надлежно и за дигитализација и технологија. Зелените би го добиле Министерството за надворешни работи и за развојна помош и екологија.

Deutschland Bundestagswahl 2017 Wahlplakate Die Grünen FDP CDU (Imago/C. von der Laage)

Меркел има тешка задача

Моќта на пратеничките групи

Сето ова укажува на поголема подготвеност за постигнување консензус отколку што се претпоставуваше. Проблемите за разнишаната позиција на канцеларката Меркел би можеле да произлезат од сосема друга страна. Од нејзин агол на гледање слабата точка на Јамајка моделот е тоа што моќта на партиите не е концентрирана во владиниот кабинет. Кај Зелените уште од почеток е прво правило дека сета сила произлегува од базата. Што и да се дефинира политички во коалицијата, кај Зелените мора да биде изгласано и одобрено од партиските членови. Тоа во вертикално организираната Унија не е позната пракса.

И ФДП по сѐ изгледа планира базата на моќта да не бидат министрите во кабинетот на Меркел, туку пратеничката група во Бундестагот. Тоа би било и логично објаснување зошто Кристијан Линднер, кој е и главата и гласот на повторно зајакнатите Либерали, не сака да влезе како министер во владата, туку да делува како шеф на пратеничката група во Бундестагот.

Партија на оние со повисоки примања

Вака или онака: експериментот Јамајка за првпат ќе се проба на големата сцена во Берлин, каде Зелените и Либералите ќе имаат своја премиера како партнери. И социолошки погледнато тоа што претстои е интересен подвиг. Претпоставените точки на разидување се помалку раздалеченост отколку што секогаш се верувало. Двете партии поддржувачите ги регрутираат од граѓанскиот центар. Зелениот и прототипот на Либералите е меѓу 35 и 55 години, во принцип академски граѓанин, добро образован и заработува повеќе од просекот. И во обата случаи гласачите се претежно од западниот дел на Германија и живеат главно во градовите.

Додека Зелените во поранешната фаза се дефинираа како класична партија за протест против тогашните еколошки политики, но и поимањето на демократијата, сега и новите Либерали на чело со Линднер се сфаќаат како партија која се гласа од протест. Со едната разлика: гласачите се оние кои подобро заработуваат. Тие сакаат да се стави крај на политиката на субвенции и да се воведе нова даночна политика, особено со намалување на даноците.

Но Либералите, со оглед на претходните лоши искуства, внимателно се поставуваат во однос на овие прашања. Пропаста пред 4 години беше и резултат на малку поддржаната клиентелистичка политика за фриленсери, граѓанската средна класа и општо за оние со повисоки примања. Такво ограничување на политичките цели ФДП овојпат сака да избегне. Исто како што и Зелените одамна не се веќе партија само за еколошки прашања, туку ја истакнуваат нивната компетентност и во други ресори.

Реклама