Фотографија на денот: Македонските навивачи - надмоќни | Северна Македонија | DW | 14.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Фотографија на денот: Македонските навивачи - надмоќни

Можеше да биде и поинаку, сигурни беа македонските навивачи на стадионот во Букурешт, а тоа како да го зборува и погледот на овој фудбалски фан по натпреварот со Австрија.

Дебито на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство заврши со пораз од Австрија од 1:3, но затоа навивачите беа надмоќни. Германската агенција СИД во својот текст со сцени, имиња и факти од натпреварот оценува: „Речиси неверојатна гласовна надмоќ за аутсајдерот Северна Македонија на Националната арена во Букурешт. На австриската химна ѕвонеа многу смартфони поради предупредување од невреме, а по македонската химна уште долго ѕвонеа ушите.“

На крајот славеа Австријците, а македонската репрезентација ќе се обиде во четврток да ги освои првите бодови на своето прво ЕП во фудбал и тоа против Украина. Првиот гол за репрезентацијата на едно европско првенство е веќе постигнат - Горан Пандев со своите 37 години е вториот најстар стрелец во историјата на европските фудбалски првенства, по Ивица Вастиќ, кој во 2008 година за Австрија постигна гол на 38-годишна возраст.