1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фридом Хаус: Македонија се врати 10 години наназад

ЕМФ/ freedomhouse.org
12 јуни 2014

На листата на нации во транзиција на Фридом Хаус, Македонија во 2014 година е ставена во категоријата каде што беше пред 10 години. Падот се должи на влошувањето на состојбата со независни медиуми во земјата.

https://p.dw.com/p/1CHCd

Земјите на листата на Фридом Хаус се рангирани на скала од 1 до 7, при што со 1 се претставени земјите кои бележат најголем демокртаски прогрес, а со 7 оние кои имаат најниско ниво на демократски прогрес. Македонија на оваа листа има демократски индекс од 4,00, односно припаѓа на категоријата на „транзициони/хибридни режими“. Во истата група се наоѓаат и Украина (4,93), Грузија (4,68), Молдавија (4,86), Албанија (4,18) и Босна и Херцеговина (4,43).

По категории, кои заедно ја чинат вкупната оценка, Македонија во извештајот на Фридом Хаус, со наслов „Нации во транзиција“, е категоризирана на следниот начин: изборен процес (3,25), цивилно општество (3,25), независност на медиуми (5,00), корупција (4,25), демократско управување на национално ниво (4,25), демократско управување на локално ниво (3,75) и правна рамка и независност на правосудството (4,25).

Фридом Хаус оценува дека земјата била парализирана од политичка криза, која еруптирала на крајот на 2012 година. Притоа се потсетува на настаните од 24 декември и она што му претходеше и следуваше потоа.

Растечкото ограничување на независното новинарство привлече меѓународно внимание во 2013 година, кога беше затворен новинарот Томислав Кежаровски, оценува меѓународната организација, која во своите забелешки потсетува и на носењето на контроверзниот закон за медиуми на крајот на годината.

Инаку, што се однесува до состојбата на Балканот, Фридом Хаус оценува дека има неколку позитивни работи, притоа наведувајќи го приклучувањето на Хрватска кон ЕУ и договорот на Косово и Србија. За Босна и Херцеговина е констатирано дека централната влада е парализирана во работењето поради долгогодишни проблеми. Освен тоа, наведено е и дека во повеќе земји во регионот, и покрај подобрувањата на цивилното општество во последните 10 години, правата на малцинствата, особено правата на луѓето од ЛГТБ заедницата, остануваат предизвик.

На листата на Фридом Хаус за демократски равзој, на дното се Русија, Белорусија, Туркменистан и Казахстан, кои се во категоријата авторитарни држави.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Поврзани теми

Поврзани теми

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Главниот град на Албанија, во вторник (06.12.2022) ќе биде домаќин на самитот ЕУ-Западен Балкан

Самит кој не смее да се пропушти

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница