Фридерике однесе осум животи во Германија | Свет | DW | 19.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фридерике однесе осум животи во Германија

Во силната бура Фридерике загинаа најмалку 11 луѓе во северна Европа, од кои 8 во Германија, каде, меѓу другото а германската железница Дојче бан мораше целосно да го запре железничкиот сообраќај..

Во најсилниот оркан во последната деценија во западна Европа загинаа најмалку единаесет луѓе. Германската метеоролошка служба соопшти дека Фридерике, како што беше наречен орканот, била најтешката бура од 2007 година наваму. Ветриштата кои ги донесе дотигнале максимална брзина од 203 километри на час. „Со тоа 11 години по бурата Кирил, повторно имавме оркан од кралска класа“, изјави Андреас Фридрих, експерт за бури во службата.

Гледај видео 01:28

Германија во хаос по налетот на силниот оркан

Во пониските региони, службата измерила брзина на ветрот од 138 километри на час. Фридерике предизвика огромни материјални штети и целосен застој во железничкиот сообраќај.  Денеска состојбата полека се нормализира

Инаку од осумте жртвите во Германија, двајца се пожарникари.  Претходно во налетот на бурата загинаа две лица во Холандија и едно во Белгија. Во германската покраина Тирингија ветрот однесе кров на едно училиште, но немаше повредени. Во покраината Северна Рајна Вестфалија училиштата беа затворени во текот на вчерашниот ден. Железничкиот и патниот сообраќај е отежнат и во Франција, Белгија и во Холандија.

Покрај тоа откажани беа 320 лета од аеродромот во Амстердам, како и бројни летови од аеродромите во Диселдорф и Минхен. Фридерике, која во Франција и во Белгија ја нарекоа Давид, откако протатни низ Германија продолжи да се движи кон исток, а ветерот достигнува брзина поголема од 130 километри на час, наведоа метеролозите.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама