Француските конзервативци стравуваат од катастрофа | Свет | DW | 06.03.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Француските конзервативци стравуваат од катастрофа

Со оглед на скандалот околу нивниот претседателски кандидат Франсоа Фијон, конзервативците бараат излез. Јасно е само: Жипе нема да биде замена. Сега се вклучува и поранешниот претседател Никола Саркози.

„Вака повеќе не може“ , смета Никола Саркози. Поранешниот француски претседател денеска го повика на состанок претседателскиот кандидат на конзервативците Франсоа Фијон и неговата можна замена Ален Жипе за да пронајдат решение за кризата околу претседателската кандидатура на Фијон.

Саркози смета дека поделбите, предизвикани поради одлуката на Фијон да остане во претседателската трка, иако против него би можело да се започне постапка за корупција поради аферата за фиктивни работни места за неговата сопруга и неговите деца, оди во прилог на екстремната десница во Франција и нејзината претседателска кандидатка, лидерката на Национален Фронт, Марин Ле Пен

Според неговите зборови, ваквата ситуација не може да трае долго и предизвикува длабока загриженост меѓу Французите.

Кандидатот на десницата Франсоа Фијон рече оти не сака да отстапи од кандидатурата, и покрај скандалот за фиктивните работни места на членовите на неговото семејство, поради што драматично му опадна популарноста.

Frankreich Alain Juppe und Francois Fillon (Reuters/G. Fuentes)

Алан Жипе и Франсоа Фијон

Француската Републиканска партија длабоко е поделена околу неговата кандидатура, а политичкиот комитет на партијата ќе одржи денеска итен состанок по тоа прашање.

Голем број републиканци сакаат Алан Жипе, поранешниот премиер на Франција, да го замени Фијон во претседателската трка, но тој денеска рече оти нема да биде кандидат на изборите и оцени дека кандидатурата на Фијон се наоѓа во ќорсокак.

 

DW.COM

Реклама