Францускиот парламент е за продолжување на Ковид-пасошот до јули 2022 | Европа | DW | 21.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Европа

Францускиот парламент е за продолжување на Ковид-пасошот до јули 2022

Ковид-пасошот првично требаше да важи до 15 ноември, но сега е одлучено да трае до јули 2022 година. Дебатата во францускиот парламент околу ова прашање беше жестока.

Францускиот парламент донесе одлука со тесно мнозинство. За предлог законот на владата во текот на изминатата ноќ гласааа 135 пратеници, додека 125 беа против.

Здравствениот пасош е обврска за присуство на многу манифестации и на многу јавни места во Франција. Со него се докажува целосна вакцинираност против коронавирус, негативен корона-тест или тоа дека лицето е оздравено од Ковид. Правилото, кое сега е во сила, требаше да истече на 15 ноември. Промената на законот ѝ дава можност на владата да ја задржи обврската за покажување на документот, или да ја воведе повторно. За предлог законот согласност треба да даде и Сенатот.

Повеќе:

Италија: Без „зелен пасош“ нема работа

Со Ковид-пасош до големата слобода, но како?

Продолжението на траењето на Ковид-пасошот е спорно. Пратениците дебатираа жестоко два дена. Во предлог законот од владата е предвидено зголемување на казните за фалсификувани здравствени пасоши, како затворски казни во траење до пет години и 75.000 евра.

Frankreich Paris | Menschen in Paris

Здравствениот пасош е обврска за присуство на многу манифестации и на многу јавни места во Франција

Француски граѓани редовно излегуваат на демонстрации во знак на протест против здравствениот пасош и други корона-мерки во земјата. Ситуацијата со пандемијата во Франција во последно време повторно бележи благо влошување. Досега се целосно вакцинирани речиси 74% од населението.