Франција: Хакери украле податоци за нуклеарни централи | Свет | DW | 02.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Франција: Хакери украле податоци за нуклеарни централи

Хакери од француски градежен концерн украле документи за нуклеарни централи, затвори и трамвајска мрежа, јави радио-телевизија НДР. Веста за кражбата е потврдена.

Информациите за кражба на чувствителни податоци од страна на хакери се потврдени од страна на концернот Ингероп. Градежниот концерн има седиште во близина на Париз и учествува во големи градежни проекти ширум светот.

Новинари на германската радио-телевизија НДР, заедно со колегите од германскиот весник „Зиддојче цајтунг“ и францускиот весник „Ле Монд“, поседуваат фајлови со податоци од повеќе од 65 гигабајти. Меѓу нив има и планови за поставување видео-камери во француски затвор, документи за планирана депонија за нуклеарен отпад на североистокот на Франција и лични податоци за повеќе од 1200 вработени во концернот Ингероп. Дел од податоците кои „протекле“ се и интерни имејл-пораки во Ингероп.

Cybersicherheit Symbolbild (picture-alliance/dpa/J. Stratenschulte)

Информациите за кражбата на податоци се потврдени од страна на концернот Ингероп

НДР соопшти дека вкупно станува збор за 11.000 податоци од дузина проекти на кои работи францускиот концерн. Притоа, станува збор пред сѐ за градежни проекти во Франција, но и проекти во Шпанија и Јужна Америка, јави НДР, повикувајќи се на портпаролка на Ингероп.

ПовеќеСите шпионираат: Нова дигитална несигурност

Концернот, според сопствени наводи, за украдените податоци веќе ги информирал погодените клиенти и презел безбедносни мерки. Какви мерки се преземени, не е наведено.

DW.COM

Реклама