Франција: крај на вонредната состојба | Свет | DW | 02.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Франција: крај на вонредната состојба

Шест пати беше продолжувана и сега е крај: по речиси две години, Франција ја укина вонредната состојба. Наместо тоа стапи во сила нов Антитерористички закон. Дали ова значи дека Франција се враќа во нормала?

Тоа беше во ноќта на теророт на 13 ноември 2015 година - крвавата заложничка драма во Батаклан се уште не беше завршена кога тогашниот претседател Франсоа Оланд најави дека се воведува воена состојба во целата земја.

Со тоа на министерството за внатрешни работи му се дозволи употреба на  специјални мерки во борбата против тероризмот.  Беа изведени 4500 претреси на куќи и запленети над 600 пушки. Над 750 лица се во домашен притвор и сето тоа без судски налог.

Вонредната состојба шест пати продолжувана

Во овие две години беа спречени 32 планови за атентати – сето тоа благодарение на вонредната состојба, нагласија од владата. Но, многу други не беа спречени. Како на пример атентатот од Ница од 14 јули 2016 година во кој настрадаа 86 лица. Или оној од почетокот на октомври кога во напад со нож беа убиени две млади жени во Марсеј.

И покрај тоа вонредната состојба беше шест пати продолжувана и неколку пати заострена. Но тоа не предизвика некоја поголема дебата меѓу Французите: „Не ни знаев дека сега ќе биде укината," вели благо изненаден парижанецот Бенедикт. „Можам да разберам дека бевме во вонредна состојба со оглед на ризикот од можни напади. Мислам дека тоа ѝ ја олесни работата на полицијата. Но не промени нешто во секојдневието на Французите."

Frankreich Marseille Messerattacke Bahnhof Saint-Charles (picture-alliance/AP Photo/C. Paris)

Марсеј, 1.10. 2017, напад со нож

Чуство на поголема безбедност

„Вонредната состојба беше симболична," смета 24 годишниот Елиот. „Можеби излегувањето од неа е добра работа бидејќи ќе ги потсмири луѓето. Но, можеби таквата одлука е повеќе лоша бидејќи тогаш безбедноста нема да може толку добро да се гарантира."

Навистина, на многу Французи се чини дека вонредната состојба им даваше чувство на сигурност во контекст на тековната закана од тероризам. Според една анкета од август, мнозинството беше за таквата состојба да се задржи, па дури и да се заостри.

Ограничени граѓански права

Тоа што речиси никој не се пожалил на фактот дека со вонредната состојба беа ограничени граѓанските права, француските експерти за човекови права, како професорката по кривично право, Кристин Лазерс, жалат: „Во нашата земја постои еден вид зависност од вонредната состојба. Зависност од мерки што ја загрозуваат слободата. И нема никакво чувство дека ова би можело да ѝ наштети на националната кохезија или да стигматизира дел од населението - особено муслиманското население".

Но, по точно две години, сега е конечно и е ставен крај на вонредната состојба. На нејзино место стапува на сила новиот Антитерористички закон. Тој содржи мерки кои се јасно инспирирани од досегашната вонредна состојба. Поради тоа многу француски правници и експерти за човекови права го сметаат за контроверзен.

Францускиот претседател Емануел Макрон го брани законот: „Остануваме во рамките на правната држава, особено под контрола на судиите," појасни тој. „Првата задача е земјата да овозможи безбедност за граѓаните и нејзината територија. Оваа безбедност е услов сам по себе, за да може нашата слобода да биде целосно почитувана."

 

DW.COM

Реклама