Франсоа Фијон нов француски премиер | Вести | DW | 17.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Франсоа Фијон нов француски премиер

Новиот француски претседател Николас Саркози за нов премиер го именуваше поранешниот министер за социјала и образование Франсоа Фијон. Ова го соопшти Елисејската палата во Париз. Се очекува Фијон уште денеска да ја преземе дожноста од досегашниот премиер Доминик де Вилпен.