Фотографија на денот: eдна посебна библиотека | Панорама | DW | 24.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: eдна посебна библиотека

Пред точно десет години на 24 октомври 2007 повторно беше отворената библиотеката на војвотката Ана Амалија во германскиот град Вајмар.

Оттогаш наваму, таа продолжува да сјае со уникатната убавина и е магнет за илјадници вљубеници во книжевноста и уметноста. На оваа #ФотографијаНаДенот може да се види како посетители ја разгледуваат прочуената сала на библиотеката на Гете и Шилер, како што инаку е познат овој книжевен храм. 
Објектот, кој спаѓа во светското културно наследство, беше тешко оштетен во пожар во 2004 година. За реставрацијата беа вложени 12,8 милиони евра, главно од приватни донации.

Реклама