Фотографија на денот: 500 милиони вакцини за светот | Свет | DW | 10.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: 500 милиони вакцини за светот

САД очигледно сакаат да им дадат 500 милиони дози на вакцини на 100 други земји. Вашингтон постигнал согласност со Бионтек/Фајзер за купување на вакцините, потврди денеска американскиот фармацевтски концерн.

Белата куќа постигнаa договор со компанијата Фајзер со кој ќе обезбеди 500 милиони вакцини против коронавирусот за околу 100 земји во светот.

Според изворите на весникот Њујорк Тајмс, американскиот претседател Џо Бајден оваа вест ќе ја соопшти денеска, за време на посетата на земјите во Европа.

 

Тој се наоѓа под интензивни притисоци да стори нешто по повод глобалниот недостаток на вакцини и огромните разлики во вакцинацијата во богатите и во сиромашните земји, а многумина сметаат дека планот го навестил во вчера, кога беше прашан дали има стратегија за вакцинирање на светот.

Повеќе:

-Колкава е моќта на Ковакс за рамноправна распределба на ковид-вакцините?

-2,4 милијарди долари за Ковакс-вакцини од богатите земји

-Бавна вакцинација во БиХ: „Зошто Бајден не испрати ништо?“

„Имам и ќе ја најавам“, кусо одговори Бајден пред поаѓањето на своето прво прекуокенско патување откако стана претседател на САД.Тој денеска во Англија ќе се сретне со премиерот Борис Џонсон, а потоа го очекува состанок со лидерите на Г7.

Упатените во договорот меѓу САД и Фајзер велат дека вакцините ќе бидат платени по „непрофитна цена“. Првите 200 милиони дози ќе бидат распоредени годинава преку програмата Ковакс, додека останатите 300 милиони ќе чекаат на дистрибуција наредната година.  Испораките на вакцините донирани од САД ќе започнат во август, потврди денеска Фајзер .