Фотографија на денот: 500 години реформација | Панорама | DW | 31.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: 500 години реформација

На оваа #ФотографијаНаДенот се гледа споменикот на предводникот на протестантската реформација Мартин Лутер во Витенберг во покраината Саксонија-Анхалт.

Германија одбележува пет века од црковната реформација.  На 31 октомври 1517 година германскиот свештеник Мартин Лутер ја критикуваше трговијата со простување на гревовите која во тоа време доживуваше бум во Германија. Со продажбата на т.н. писма за индулгенција римокатоличката црква нудеше прошка на гревовите.

Во 95 тези #Лутер ѝ се спротистави на ваквата пракса. Со тоа започна реформацијата, а следуваше и востановувањето на евангелистичката црква.

Реклама