Фотографија на денот: „Џокер“ протестира во Франција | Панорама | DW | 06.12.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: „Џокер“ протестира во Франција

Изгледа како ликот од популарниот филм „Џокер“- застрашувачки и насилен лик. Со овој кловн забележан на протестите во Марсеј, во секој случај нема смеење.

Секој кој го погледал кино блокбастерот „Џокер“,добро ги знае сликите на насилството и застрашувачкaта психичка состојба на главниот лик. Дали е добра идеја тоа што демонстрантот на оваа #ФотографијаНаДенот направена на протестот во францускиот град Марсеј многу личи на филмскиот карактер? Конечно, демонстрантите во Франција имаат сериозни барања и грижи (во прв ред најавената пензиска реформа од страна на претседателот Емануел Макрон) - и чистото насилство не треба да се вбројува меѓу тоа. Како и да е, со овој кловн, не може да се смеете.

 

 

Реклама