Фотографија на денот: Ќофте од инсекти | Панорама | DW | 23.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Ќофте од инсекти

Во некои земји инсектите се дел од основната исхрана, а во ЕУ од 1. јануари годинава е во сила нова регулатива која овозможува продажба на храна од инсекти. Ќофте од инсекти беше презентирано на Зелената недела во Берлин

Дали е ова храна на иднината - инсекти, кои се богати со протеини? На годинешниот светски саем за храна, Зелена недела, кој е во тек во Берлин, Макс Кремер од старт ап фирмата „Bug Foundation" од Оснабрик го претставува својот хамбургер од инсекти. Од април ќе го има на понуда на германскиот пазар. Во некои земји во светот инсектите се дел од основната исхрана, а во ЕУ од 1. јануари годинава стапи во сила нова регулатива која овозможува продажба на храна од инсекти. Добар апетит!

 

Реклама