Фотографија на денот: Љубовта кон читањето | Панорама | DW | 23.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Љубовта кон читањето

Од 1995 година секој 23 април вљубениците во пишаната реч во преку 100 земји го прославуваат „Светскиот ден на книгата“ на УНЕСКО.

Датумот избран за Светски ден на книгата влече корени од една каталонска традиција. За празникот свети Жорди во Каталонија се подаруваат рози и книги. Покрај тоа на 23 април починале и легендарните писатели Вилијам Шекспир и Мигел де Сервантес. Во Германија во прославата на Светскиот ден на книгата се вклучени преку 3500 книжарници, илјадници библиотеки и училишта. Насекаде во земјата се одржуваат приредби и манифестации за поттикнување на љубовта кон читањето. Преку еден милион ученици згора на тоа денеска за подарок ќе добијат книга.

 

DW.COM

Реклама