Фотографија на денот: Ѓоковиќ дисквалификуван откако ја удри линиската судијка | Панорама | DW | 07.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Ѓоковиќ дисквалификуван откако ја удри линиската судијка

Нервозата поради загубениот сервис на мечот против Шпанецот Буста, скапо го чинеше Новак Ѓоковиќ. Тој е дисквалификуван од УС Опен откако ненамерно со топче удри линиска судијка.

Судијката по ударот клекна и имаше проблеми со дишењето. Светскиот тенисер број еден видливо шокиран од она што се случи, веднаш притрча кон судијката. Тој не се појави на прес-конференцијата по мечот против Шпанецот Буста, а за она што се случи подоцна се изјасни на социјалните мрежи. „Целата ситуација ме растажи и ми остави празнина. Се информирав за состојбата на судијката и, фала му на бога, таа се чувствува добро“, напиша меѓу другото Ѓоковиќ на Инстаграм, по инцидентот поради кој мора да го напушти турнирот.

Поврзана содржина