Фотографија на денот: Шок по убиството на детето на железничката станица во Франкфурт | Свет | DW | 30.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Шок по убиството на детето на железничката станица во Франкфурт

Полицаец на франкфуртската железничка станица остава цвеќе по убиството на осумгодишното момче кое ја шокираше земјата

Напаѓач вчера го турна детето и неговата мајка од перонот на шините пред брз воз. Детето загина, мајката успеа да се спаси со тешки повреди. Едно осомничено лице, кое се обидело да турне и други луѓе на шините, е уапсено. Според истрагата, се работи за 40-годишен маж со еритрејско државјанство, кој наводно не ги познавал своите жртви. Осомничениот, кој живееел во Швајцарија, денеска ќе биде изведен пред истражен судија. Нападот во Франкфурт потсетува на случајот од Ферде, во германската покраина северна Рајна Вестфалија, од пред една недела, кога беше турната жена пред воз на една железничка станица. За тоа убиство е осомничен 28-годишен маж роден во Германија, со српски пасош и потекло од Косово. 

Реклама