Фотографија на денот: Чоколадо на улица | Панорама | DW | 15.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Чоколадо на улица

Слика како од бајките: околу еден тон чоколадо од фабрика за чоколадни бонбони во Верл, Германија, се излеа на улица!

Чоколадниот пат кој, за жал, не води до никакво царство, им зададе голема мака на пожарникарите. Тие со лопати, топла вода и пламеници со часови ја отстрануваа чоколадната маса од патот. Чоколадото, кое се излеало поради технички дефект, заврши во отпад. „Не, не пробавме“, уверува раководителот на групата од 25 пожарникари задолжени со „слатката“ задача, Карстен Корте.

Реклама