Фотографија на денот: Честит Илинден! | Северна Македонија | DW | 02.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Фотографија на денот: Честит Илинден!

Со пригодна државна програма денеска во Скопје, Пелинце и Крушево се одбележува 2 август – Ден на Републиката и Илинден

Граѓаните на Република Северна Македонија денеска го празнуваат денот на Илинденското востание и Крушевската Република од 1903 година, како и вториот Илинден - Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија во 1944 година, поставувањето на столбовите на Републиката и на државоста.

Собраниската делегација, која ќе ја предводи претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе положи цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, на президиумот на АСНОМ и на Никола Карев.

Државната празнична програма продолжува пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце, каде обраќање ќе има премиерот Зоран Заев.

Во рамките на државните почести по повод Денот на Републиката во Крушево претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе присуствува на панихида во храмот Св.Никола, по што ќе следува полагање цвеќе на гробот на Никола Карев, празнична програма пред споменичниот комплекс Македониум и полагање цвеќе на споменикот на хероите на Слива.

Централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август ќе започне во 18 часот на Мечкин Камен со поздрав на илинденската коњаница проследена со костимирана придружба, поздрав на Армијата на Република Северна Македонија и со полагање на цвеќе и венци на споменикот на Мечкин Камен, по што ќе следува празничната културно-уметничка програма посветена на двата Илиндена.