Фотографија на денот: Чевлите на иселените од Молдавија | Свет | DW | 25.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Чевлите на иселените од Молдавија

Поради лошата економска состојба во Молдавија досега се иселени околу еден милион Молдавци. Тие одат во ЕУ или Русија.

Во текот на протестите во главниот  молдавски град Кишињев, одржани во текот на викендот, граѓаните со празни чевли го свртеа вниманието врз иселените. Чевлите симболизираат и надеж во подобри времиња - за потенцијалните повратници се чува место во нивната татковина.

Молдавија со околу 3,5 милиони жители е една од најсиромашните земји во Европа. Економијата е зависна од парите кои ги испраќаат Молдавците заминати на работа во странство и извозот на вино и други земјоделски производи, пред сѐ во Кина и источна Европа

Реклама