Фотографија на денот: Црвени стрели во формација | Панорама | DW | 18.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Црвени стрели во формација

Меѓународниот воздухопловен салон во Фернборо е најголем настан од ваков вид во светот. Се одржува на секои 2 години и е составен од голем саем за авионската и индустријата за одбрана како и авиошоу отворено за јавноста.

Годинешната манифестација беше отворена во понеделникот со демонстративни летови, како на оваа #ФотографијаНаДенот на која се гледаат неколку авиони од типот Црвена стрела како летаат во формација околу авион од друг тип. До петок водечките производители од авио-индустријата ги претставуваат своите најнови достигнувања и склучуваат договори за испораки на авиони и хеликоптери. Од петок пак до недела се одржува спектакуларното авио-шоу за отворено за јавноста.

Реклама