Фотографија на денот: Цел Париз под маска | Панорама | DW | 28.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Цел Париз под маска

Поради забрзаниот раст на нови случаи на Ковид-19, од денеска на целата територија на францускиот главен град важи обврска за носење на заштитна маска на отворено.

Досега, носењето на маската на отворено беше задолжително само во делови на Париз, кои беа прогласени за „црвени зони“ поради високиот број на инфекции од коронавирусот.

Но со оглед на тоа што овие „зони“ се расштркани непрегледно низ целиот град, многу луѓе и досега носеа маски насекаде во градот.

Новото правило за задолжително носење маска во цел Париз, стапи во сила денеска а се однесува како на пешаците, така и на велосипедистите и на мотоциклистите.

Франција вчера пријави  6111 нови  инфекции со коронавирусот за едно деноноќие. Тоа е највисока бројка од крајот на карантинот во земјата - и втора највисока по регистрираните 7.578 случаи на 30 март за време на првиот пик на пандемијата.

 

Реклама