Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Да се види дури од вселената и да се апелира за грижа за децата со срцеви заболувања – тоа е намерата на ова цветно срце.
Цветното срце на фондацијата КиндерХерц во германската општина Блауфелден, укажува на потребата за поддршка на децата со срцеви заболувања. Го сочинуваат милиони различни цветови на површина од околу десет хектари, само цветови булки има околу 12,5 милиони. Сеењето, одгледувањето и обликувањето на површината биле огромен потфат кој траел со месеци.
Само во Германија секоја година се раѓаат просечно 8700 бебиња со срцеви мани, но овие заболувања уште не се доволно истражени.