Фотографија на денот: Цветниот тепих на Брисел | Панорама | DW | 17.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Цветниот тепих на Брисел

Традицијата започна во 1971 година. Оттогаш наваму историскиот центар на белгискиот главен град 3-4 дена во август буквално „процутува“.

На оваа #ФотографијаНаДенот се гледа годинешниот тепих од цвеќиња кој од денеска до недела е „распослан“на Големиот плоштад пред Градската куќа во Брисел. На површина од 77 на  24 метри со близу еден милион цвеќиња создаден е  раскош од бои за кој инспирација е мексиканската сојузна држава Гуанахуато со нејзината богата култура. Токму како и Брисел и Гуанахуато има долга традиција на поставување вакви цветни теписи. Бриселскиот пак традиционално се „плете“ со бегонии, кои важат за типично белгиски цвеќиња. 

 

Реклама