Фотографија на денот: Хрватска се збогува од Оливер Драгојевиќ | Панорама | DW | 01.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Хрватска се збогува од Оливер Драгојевиќ

„Патувај капетане, мирно ти море... Барба Оливер, збогум“

Сплит ја испрати музичката легенда Оливер Драгојевиќ на неговото последно патување кон Вела Лука, каде денеска ќе биде погребан. На комеморацијата во Сплит вчера, покрај семејството и пријателите, присуствуваше и целиот хрватски државен врв. Последна почит на човекот кој со децении беше еден од најголемите музичари во Хрватска и на Балканот му оддадоа и голем број колеги, како Џибони, Дорис Драговиќ, Северина, Тони Цетински, Тончи Хуљиќ, Јелена Розга, Данијела Мартиновиќ, Петар Грашо...

На нашата #ФотографијаНаДенот катамаранот со телото на Драгојевиќ тргнува од пристаништето во Сплит, а да го следат се подготвени многу луѓе со своите бротчиња.

Реклама