Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Минусни температури со денови во Холандија се реткост, но зимава замрзаа и каналите, па граѓаните во повеќе градови, посебно во Амстердам, ја искористија можноста за да се лизгаат.
Властите не беа одушевени, зашто при масовното лизгање често не се запазувало потребното растојание пропишано со мерките против коронавирусот. Но, на овој широк канал во Киндердијк се чини дека таков проблем не постои. Уживањето на мразот ќе остане во сеќавање, зашто од денеска веќе температурите во земјата се покачуваат.