Фотографија на денот: Холандија воведува делумен карантин | Свет | DW | 14.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Холандија воведува делумен карантин

Поради наглиот раст на бројот на новоинфицирани, Холандија драстично ги заострува анти корона-мерките. Премиерот Руте зборува за „делумен локдаун“, меѓу другото, се затвораат рестораните и кафулињата.

Кафулињата, баровите и рестораните во Холандија од денеска се затворени, забранета е продажба на алкохол по 20 часот. Освен тоа, граѓаните ќе смеат во своите домови да примаат најмногу тројца гости дневно, а автобуси и возови треба да користат само во итни случаи. На прес конференција премиерот Марк Руте најави дека досегашната препорака се заменува со задолжително носење маски на сите јавни места како продавници, музеи, институции.

„Холанѓани, бидете реални и преземете одговорност", апелираше Руте до граѓаните. Мерките засега се на рок од две недели. Во изминатите седум дена во Холандија се регистрирани 252 инфекции со коронавирус на 100.000 жители, односно речиси 40.000 новоинфицирани, што е за 60 проценти зголемување во однос на претходната недела. Брзо расте и бројот на пациенти на одделенијата за интензивна нега во болниците, а вчера се регистрирани 34 смртни случаи од Ковид-19.

Реклама