Фотографија на денот: Фудбал, коронавирус и насилство | Панорама | DW | 04.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Фудбал, коронавирус и насилство

Ова момче сигурно се радува што за десетина дена во Бразил, каде живее, почнува Копа Америка. Но, натпреварите во ек на пандемијата наидуваат на критики

Освен во главниот град Бразил, натпревари ќе се играат и на Маракана во Рио, во Кујаба и Гојанија. Фудбалското првенство на Јужна Америка, и тоа во Бразил, наидува на критики. Зашто, во оваа земја и натаму се регистрираат околу 80.000 нови инфекции дневно, а досега со коронавирус се поврзува смртта на речиси половина милион луѓе.

Муралот на сликата зад момчето инаку укажува и на проблемот на Бразил со криминалот, стапката на убиства во земјата е меѓу највисоките во светот, а сѐ почесто жртви на насилство стануваат спортисти.