Фотографија на денот: Франкфурт се отсликува во Мајна | Панорама | DW | 26.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Франкфурт се отсликува во Мајна

Осветлените облакодери на германската финансиска престолнина се издигнуваат над мостот Флесер и Мајна, и нивните светла се отсликуваат во реката.

Студениот бран од Русија ја држи половина Европа во костец. И додека во Македонија и на Балканот студот е проследен и со снег, во западниот дел на Германија небото е исклучително ведро. Ваквите временски услови ја овозможија и оваа #ФотографијаНаДенот во метрополата на висококатниците во Германија.

DW.COM

Реклама