Фотографија на денот: Уништување на тропската шума | Панорама | DW | 25.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Уништување на тропската шума

Милиони хектари тропска шума ширум светот исчезнале во минатата година. Виновни за тоа се нелегалната сеча и шумските пожари, се вели во најновата студија на проектот „Глобал Форест Воч“.

Според студијата, во минатата година во светот е уништена тропска шума речиси со големина на територијата на Англија, односно околу 12 милиони хектари. Речиси една третина од нив била недопрена примарна прашума.

Според студијата, уништувањето напредува многу брзо. Секоја минута ширум светот исчезнуваат 30 фудбалски игралишта од тропска шума.

Уништувањето е најголемо во Бразил, а по него следуваат Малезија и Мадагаскар. Студијата укажува на тоа дека тропските шуми се од непроценливо значење за Земјата, бидејќи нудат животен бростор за безброј видови растенија и животни. Но во прв ред тие го акумулираат јаглерод диоксидот од атмосферата и со тоа имаат огромно влијание врз климата.

 

DW.COM

Реклама