Фотографија на денот: Уметност во пустинскиот песок | Панорама | DW | 30.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Уметност во пустинскиот песок

Премиера по 4500 години: Во Египет се одржува првата уметничка изложба пред кулисите на пирамидите во Гиза. Уметниците создадоа импресивни инсталации во пустинскиот песок.

Делото „Вечност сега“ на Гизела Колон пред сфингата и пирамидите на платото на Гиза

Делото „Вечност сега“ на Гизела Колон пред сфингата и пирамидите на платото на Гиза

За првпат се организира уметничка изложба пред 4.500 години старата локација од листата на УНЕСКО на светско наследство. Покрај сфингата и пирамидите, на оваа #ФотографијаНаДенот може да се види и делото „Вечност сега“  (Eternity Now) на Американката Жизела Колон: елипсовидната купола долга девет метри му оддава почит на историското наследство на древниот Египет - како впрочем и целата изложба со наслов „Засекогаш е сега“ (Forever Is Now)