1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
BdT, Katalanische Demonstranten rufen zum Generalstreik auf
Фотографија: Getty Images/J. J. Mitchel
Конфликти

Фотографија на денот: Улични борби во Барселона

ЕМФ
19 октомври 2019

Ескалација на насилство на протестите на застапниците за независност на Каталонија - стотици демонстранти подготвени на насилство подигнаа барикади во Барселона, палеа огнови и фрлаа со камења и пиротехника по полицијата

https://p.dw.com/p/3RYYD

Радикалните сепаратисти ноќеска водеа улични борби со полицијата во Барселона. На насилството припадниците на безбедносните сили возвратија со солзавец, гумени куршуми и водени топови. Агенциите јавуваат за околу 60 повредени лица. 

Во Каталонија вчера повеќе од половина милион луѓе учествуваа на главно мирни протести поради осудата на долги затворски казни на деветмина каталонски политичари и претставници на цивилното општество. Претходно, јавниот живот беше парализиран од генерален штрајк. Откажани беа 57 летови во Барселона, операта ја откажа претставата, беше затворен автопатот АП7 во двете насоки, а беше блокиран и регионален пат на границата со Франција. Поради демонстрации кои се очекуваат одложен е и фудбалскиот натпревар помеѓу Барселона и Реал Мадрид на 26 октомври.

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Albanien EU-Gipfel Tirana

Процесот на проширување на ЕУ добива нов замав

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница