Фотографија на денот: Убавецот Мон Сен Мишел | Панорама | DW | 01.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Убавецот Мон Сен Мишел

Убавецот заспива - така веројатно би можела да се нарече оваа #ФотографијаНаДенот, направена во Нормандија.

Ридот Мон Сен Мишел во Франција е местото на кое на карпа е изграден манастирот на Свети Михаил. Тој е на многу ранг листи на најубавите дестинации во светот. Поради пандемијата на коронавирусот, ова туристичко светилиште беше затворено за посетители. Сега повторно ги отвори вратите за илјадниците љубопитници, кои за да уживаат во убавината на Мон Сен Мишел мора да носат маски. Но, ако „светиот рид“ се посматра од далечина, маска не е потребна. А, глетката е во секој случај прекрасна.

Реклама