Фотографија на денот: Трагичен рекорд | Панорама | DW | 20.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Трагичен рекорд

Околу триесет милиони деца и младинци во светот се во бегство поради конфликти во нивните родни земји, соопшти Уницеф по повод денешниот Светски ден на бегалците.

Од вкупно 68,5 милиони бегалци, колку што ги имало лани во светот, што е рекорд по Втората светска војна, речиси половината се помлади од 18 години. Младите бегалци се најранливата категорија, тие се изложени на најголеми опасности и стануваат жртви на трговија со луѓе, насилство и злоупотреби, предупредува Организацијата на ОН за помош на децата, Уницеф. На #ФотографијаНаДенот: дете-бегалец во Танзанија. 

 

Реклама