Фотографија на денот: Тереза Меј пред пораз | Свет | DW | 11.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Тереза Меј пред пораз

Чекор назад во последен момент - британската премиерка Тереза Меј го одложи за денеска планираното гласање за договорот за Брегзит во британскиот парламент.

Премногу јасно беше дека Меј ќе доживее пораз, односно дека нема да има мнозинство за договорот. Кога ќе се гласа е нејасно. Она што е јасно е дека британската премиерка сега сака повторно да преговара со колегите од Европската унија. Денеска на разговори со холандскиот премиер Марк Руте и германската кланцеларка Ангела Меркел ќе види колкави ѝ се шансите за „допреговарање“ на самитот на ЕУ во четврток. Познавачите на состојбите велат шансите на Меј се минимални. Карикатурата на Сергеј Елкин за загрижената Тереза Меј денеска е наша #ФотографијаНаДенот.

 

Реклама