Фотографија на денот: Танцот на штрковите | Панорама | DW | 23.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Танцот на штрковите

И покрај инаетливиот студ кој веќе со денови владее во Германија сѐ повеќе двојки за парење на белите штркови се враќаат во земјата од потоплите краишта.

На оваа #ФотографијаНаДенот се гледаат два бели штрка, кои на температури околу нула Целзиусови степени се додворуваат за парење во нивното гнездо. Фотографијата на додворувачкиот танц на овие импозантните птици преселници е направена  кај местото Бибесхајм, во германската покраина Хесен.

Реклама