Фотографија на денот: Страшило за возачи | Панорама | DW | 15.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Страшило за возачи

Жителите на Гросеберсдорф со години се жалат на многу прометниот пат кој минува среде нивното село. Додека чекаат на одлука на властите тие се послужија со своевидна мамка...

На оваа #ФотографијаНаДенот е доказот за нивната досетливост. Кукла во полициска униформа со макета на радар за брзина стои на работ на многу прометниот пат кој минува низ ова германско село. Ова „страшило“ треба да ги предупреди возачите да не возат пребрзо. Жителите на селото  со години бараат изградба на обиколница за да се намали големиот сообраќај низ местото.

 

Реклама