Фотографија на денот: Стерилизација на кинески начин | Панорама | DW | 27.02.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Стерилизација на кинески начин

Вухан е во карантин поради коронавирусот. На жителите на овој кинески град зеленчук им се носи со мотоцикли. Од безбедносни причини, спакуван е во пластични кеси.

Епидемијата на коронавирусот во Кина, според шефот на експертската владина комисија, Жонг Наншан, ќе трае уште долго. „Се надеваме дека до крајот на април ќе го ставиме под контрола ширењето на вирусот“, изјави професорот денеска. Тој изнесе изненадувачка теза во врска со избувнувањето на белодробната болест во останатите земји - за првите инфекции навистина беше јавено од Кина, но изворот на Сарс-КоВ-2 не мора да бил во Кина. Експертот не наведе докази за своето тврдење. 

DW.COM

Реклама